Како да пиете и да останете трезен во туѓа држава: Совети од руските шпиони

OpenClipart Vectors/Pixabay
Сите традиционални рецепти можеби и немаат научно објаснување, но овие методи против опивање кои, наводно, ги користат руските разузнавачи, прават чуда во моменти кога не смеете да го извалкате образот.

Сигурно од пријателите и од таканаречените стручњаци за Русија сте чуле еден куп совети и приказни за тоа што сѐ прават Русите против мамурлак. Легендата вели дека сите овие методи потекнуваат од нашите разузнавачки служби во странство. Кога доаѓало до пиење алкохол со своите „клиенти“, агентите на КГБ знаеле што прават. Еве ги најпознатите урбани легенди за тоа.

Да тргнеме од најосновното

Еден од традиционалните начини да се избегне мамурлакот е, секако, да се изеде цел слон пред пиење. Сите оние приказни за подмачкувањето на желудникот со малку маст, масло, путер, џимиринки... жал ни е, но не се вистинити. Навистина треба да изедете слон (или барем помала крава) за да добиете доволно масти како подлога за опивање.

Тука е и техниката за испивање 100 милилитри вотка за еден час пред навистина да почнете да пиете. Тоа и не е толку лоша тактика. Вашиот организам на извесен начин се аклиматизира за понатамошно алкохолизирање.

Меѓу другите трикови се и таблетите од активен јаглен кои се силен апсорбент.

И на крајот живо јајце. Иако ние лично не ви ја препорачуваме оваа техника. Сепак, подобро е да ве боли глава, одошто да се заразите со салмонела.

Како го прават тоа професионалците

Без понатамошно одлоговлекување, наведуваме некои вистински техники со кои станувате имуни на опивање, токму онака како што тоа го прават разузнавачите во опасна непријателска држава... Во секој случај, така ни раскажувале кога бевме деца.

Можеби сте слушнале за волшебната таблета РУ-21 која ја пиеле руските разузнавачи за време на Студената војна и останале со незаматена свест? За жал, Јуриј Кобалаѕе, ветеран во оваа работа вели дека тоа се само приказни. „Такви апчиња не постојат“, го цитира порталот Russian7. „Барем јас не сум имал на располагање такви таблети“.

Легендата вели дека за Русин кој ќе се најде во Лондон најдобар лек за мамурлак е коктел од сончогледово масло, две лажици сок од домати, лажичка коњак и жолчка.

Русите во Германија најверојатно ќе се фатат за засолена харинга – токму онака како што тоа го прават дома. Харингата прво се чува во сол за од неа да се извлече сета вода, а потоа во втората фаза се полева со оцет, сол и шеќер. Русите веќе со векови пијат вотка со харинга.

Доколку сте „руски шпион“ во Финска, одговорот кој го барате е сауна. Овој метод кај Русите е омилен и дома. Неколку куси престои на 80 степени Целзиусови – не подолги од пет до седум минути – е тајната за брзо исфрлање на токсините од вашето тело.

Доколку по некој случај сте се нашле во Мексико, ќе си дојдете на себе со густа супа од пченка и лути пиперчиња. Оваа супа содржи многу зачини и витамини, вклучително и глицин – аминокиселина која се смета дека е најодговорна за чудесното отстранување на мамурлакот.

Доколку по Мексико мисијата ве одведе во Кина, не очајувајте: вотката со зелен чај е токму она што ви е потребно. Според популарната легенда, оперативците нарачувале чај заедно со вотка. Чајот е толку богат со антиоксиданси што се смета дека е еден од најдобрите лекови за мамурлак.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња