Натпреварот заврши со резултат 2:0 во полза на Русија. Првиот гол го постигна 30-годишниот Роман Нојштедер, дефанзивец на турски „Фенербахче“ во 20 минута. Тоа беше неговиот прв погодок во дресот на репрезентацијата.
Вториот пат мрежата на Турција ја затресе играчот за врска на шпанска „Валенсија“ Денис Черишев по додавањето на Александар Головин кој од почетокот на сезоната ги брани боите на „Монако“.
По овој меч Русија се зацврсти на првото место во групата Б2 на Лигата на нации со освоени седум бодови. Турција со три бода запре на второто место, додека на последното е Шведска со само еден бод.
Во четврток репрезентацијата на Русија одигра нерешено со Шведска на домашен терен во меч од второто коло од групната фаза на Лигата на нации.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче