Ако доаѓате во Русија со непријателско расположение кон мечките, никој нема да може да ви помогне во врска со тоа. Исто така, и покрај она што можеби би кажувале други, Русија повеќе не е комунистичка земја. Ова сознание би требало да ги смири вашите стравови (доколку ги има) поврзани со КГБ кое повеќе не постои.
Но, тука ви ги донесуваме трите нешта за кои НАВИСТИНА би требало да се погрижите доколку планирате да патувате во Русија.
Ако доаѓате во Русија, со себе земете ситни пари и монети. Јас две години поминав во пасивно-агресивна војна со една жена, сопственичка на продавница на мојата улица само зашто еднаш платив пиво со банкнота од 5.000 рубли.
Таа никогаш нема да ми го прости тоа. Покрај другото, во некои продавници едноставно немаат да ви вратат, па нема да можете да купите зашто сите не примаат платежни картички.
Освен тоа во девет од десет случаи во продавница ќе ви постават едно исто прашање: дали имате точен износ да платите. Тоа може да биде сосема страшно доколку само што сте стасале од пат и со зацрвенето лице претурате по џебовите додека дваесет луѓе во редицата зад вас негодуваат и мрморат.
Решение: Кога менувате пари во банка, замолете ги да ви дадат банкноти од 1.000 рубли.
Понекогаш се чини дека возењето со такси во Русија е чиста среќа. Би можеле да се чувствувате како во „воз на смртта“ додека возачот оди лево-десно помеѓу автобусите и пешаците и запира на два сантиметри пред човек на пешачки премин.
Во Русија се имам возено со такси безброј пати и никогаш нема дојдено до незгода. Постојат различни правила, дел од кои никогаш нема да ги сфатите, но ако дивото возење е нешто кое ви создава мачнина, научете да кажете „возете побавно, ве молам“ или „бидете внимателен“. Таксистот секогаш ќе ве послуша, освен ако сте налетале на кагебеовец кој со голема брзина ве носи во својата озлогласена просторија за мачење.
Првиот пат е најтешко. На роденденот на мојот пријател Иван еден гостин стана и почна да зборува. Кога заврши му аплаудирав.
Потоа стана еден друг и почна да зборува.
Повторно заплескав со дланките.
Тогаш сфатив дека оди во круг. Секој стануваше и држеше говор, па редот се приближуваше кон мене. Немав поим што ќе кажам, а кога дојде моментот, реков: „Се надевам дека ќе имаш среќен живот“.
Мојата девојка која седеше покрај мене нежно ме поттурна и ми рече: „Некој веќе го кажа тоа“.
Тогаш реков: „Се надевам дека ќе заработиш многу пари“.
Повторно ме поттурна девојка ми.
Тогаш реков: „Се надевам дека ќе умреш на сон“. Сите се намуртија, па додадов: „Не, не, не мислев ништо лошо, сакав да кажам дека нема да страдаш, ме сфаќаш?“
И тоа беше тоа, сѐ дури не се најдов на венчавката на братот на мојата девојка. Во Америка говор држат само родителите, кумот и кумата. Овој пат додека ја испивав четвртата или петтата чаша виски, видов како на сред салата стојат петмина кои си го подаваат микрофонот и држат говор. Ја прашав девојка ми: „Чекај, зарем сите мораат да држат говор?“
„Да“.
Набргу веќе зборував пред еден куп странци: „Во ред, мислам дека си добар човек, а ако умреш како добар човек, претпоставувам дека тоа ќе значи оти си имал прилично добар живот“.
Неговата сопруга се сврте и нешто му шепна на уво на својот новопечен сопруг. Претпоставувам нешто во стилот: „Зарем тој навистина кажа нешто за смртта на венчавка?“ или „Има ли зборот смрт повеќе значења на англиски“ или „Мислам дека момчето на сестра ти е идиот.
Сепак, животот продолжува, и без оглед дали сте на пречек на Нова година или на некоја луда забава, без специјален повод, Русите обожуваат јавно да настапат и вие ќе мора да учествувате во тоа, без оглед на тоа што сте странец.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче