Прво породување во историјата на петербуршкото метро: Патничка се породи на перон

TASS

Родено е првото „дете од метро“ во целата историја на градот на Нева.

Брзо породување ѝ се случи на патничка на „црвената линија“ на петербуршкото метро. Детето се роди толку брзо што мајката дури не ни стигна да излезе на површината и мораше да се породи на перон.

Неочекувано се појави импровизирана сала за породување во центарот на градот, на станицата „Технолошки институт”. На ова чудо присуствуваа патниците, а улогата на бабици ја одиграа вработени во метрото. На родилката на помош ѝ пристигна дури и чистачката.

„Судејќи по плачот на детето, сѐ протече во најдобар ред!“, ја изразуваат радоста очевидците.

Детето се роди вчера, на 23 септември, во 13:45.

„Во моментов детето и мајката се во болница и со нив сѐ е во ред“, соопшти Петербуршкото метро. „Тоа е прво дете од метро кое се родило во петербуршката подземна железница во целата нејзина полувековна историја!”

Петербуржците веќе смислија цел список со шеговити имиња за првото „дете од подземната железница“. За девојче го предлагаат името „Технолошка” (скратениот назив на станицата „Технолошки институт”), а за момче „Метрончик”, „Метроња”, со полно име „Метрополитен”. Од метрото соопштија дека се родило момче.

На истата оваа станица на метрото на 3 април 2017 година беше извршен терористички напад во кој загинаа 16 лица, вклучувајќи го и бомбашот-самоубиец.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња