„Мојот братучед отиде на местото каде се наоѓаат остатоци од мамут во селото Казачје во Уст-Јанскиот регион на Јакутија. Таму собра полна кеса со влакна од мамут и ми ја продаде зашто му требаа пари. Гледав на кесата и долго размислував што да правам со неа. Решив да направам капа. Ние во Јакутија правиме традиционални тркалезни капи од коњско влакно. Зошто да не направам капа од влакно од мамут и така да добијам нешто навистина уникатно?“, рече 44-годипниот Амосов.
Директорот на Музејот на мамутите Семјон Григојев потврди дека се работи за вистински влакна од мамут. „Тоа е најбодликавата капа која некогаш сум ја ставил на глава. Таа нема никаков мири, но, за разлика од, да кажеме, европскиот бизон, мамутот имал мошне остро влакно. Кога ќе ја ставиш, ти се чини дека некој ти ја масира главата“, искоментира Григорјев.
Во јануари жител на Новосибирск на продажба понуди табла и фигури за шах за цена од 2.8 милиони рубли (35.800 евра). Продавачот тврди дека шахот е направен рачно во еден примерок. За неговата изработка биле употребени 20 килограми рогови од мамут.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче