Специјална мобилна мрежа за функционерите и за претставниците на безбедносниот систем

Global Look Press

Русија до 2024 година ќе има безжична мрежа за функционерите и за припадниците на системот за безбедност. Ова е соопштено во нацрт-програмата „Дигитална економија“ што владата ја одобри во понеделникот на 17 септември, јавуваат медиумите.

Мрежата ќе се заснова на технологијата ЛТЕ-450 која се карактеризира со голема брзина и ниска стапка на задоцнување на податоците во преносот. Уредите во овој дијапазон можат да функционираат во радиомод, како и да пренесуваат видеоматеријали. 

Оператор може да стане компанијата Теле2 која е сопственик на сите фреквенции во опсег од 450 мегахерци, наведува „Ведомости“. Нивните услуги веќе се користени за време на Светското првенство во фудбал 2018 за на итните служби да им се обезбеди комуникациски систем.

Претставникот на телекомуникациската фирма рече дека тие се подготвени за учество во проектот, како и за разговори со претставниците на власта. Вкупната цена на проектот вброен во рангот „општествено значајни објекти и специјални користени“ не е објавена. Државата вкупно планира да вложи 73.4 милијарди рубли за програмата „Дигитална економија“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња