Руска убавица: Дарја Касаткина – новата надеж на рускиот тенис

Младата тенисерка веќе го зазема 13. место на WTA листата. Има победи против неколку од големите имиња на светскиот тенис.

Младата тенисерка веќе го зазема 13. место на WTA листата. Има победи против неколку од големите имиња на светскиот тенис.

Алексеј Филипов/Sputnik
Младата тенисерка веќе го зазема 13 место на WTA листата. Има победи против неколку од големите имиња на светскиот тенис.

Во последно време кон врвот на ранг-листата на најдобри тенисерки на света полека се искачува руската спортистка Дарја Касаткина. Дарја има 21 година, а во Русија веќе се смета за најдобра тенисерка. Се наоѓа на 13. место на ранг листата на Женската тениска асоцијација (WTA).

Во текот на минатата година Касаткина победи неколку водечки тенисерки, меѓу кои и Венус Вилијамс, Гарбине Магуруза, Слоун Стивенс и Каролина Вознијацки. Оваа година не се пласираше подалеку од четвртфиналето на турнирот U.S. Open, но се смета дека нејзиното време допрва доаѓа.

Шта ни е познато за оваа млада и талентирана руска тенисерка?

Родена е во индустрискиот град Тољати (990 километри југоисточно од Москва). Од мали нозе посакувала професионално да се занимава со тенис. Спортскиот дух го наследила од своите родители Сергеј и Татјана, кои исто така се занимаваат со спорт. И покрај полното работно време (татко и е инженер, а мајка и адвокат) тие професионално се занимавале со спорт – таткото со хокеј, а мајката со атлетика. Кога Дарја наполнила шест години нејзиниот постар брат Александар ја научил да игра тенис и од тогаш таа непрекинато напредува во овој спорт.

Како јуниорка во 2011. година победи на турнирот во својот град, за во 2013 г. за прв пат да се испроба како професионален спортист. Веќе во 2014г. победи на турнирот Roland Garros juniors, а во 2015. године дебитираше на гренд слем турнирот U.S. Open. Најпрвин загуби во финалето на класификациите, но сепак се пласираше на турнирот благодарение на откажувањето на Марија Шарапова и ја искористи својата шанса – стигна до третото коло.

„Од тој момент верувам дека можам да ги победувам добрите играчи“, вели таа. „Многу добро играв на Купот на Кремљ, стигнав до полуфиналето на класификациите и победив во дубл с Елена Веснина. Тоа за мене беа два важни моменти бидејќи стекнав самодоверба“.

Дарја бргу напредуваше на ранг-листата на WTA. Веќе во 2015 беше меѓу првите 100, а во 2016. меѓу првите 50 најдобри тенисерки на светот. Сака да игра од основната линија, има убиствен форхенд, има добар бекхенд со две раце и е доста сестран играч. Првата WTA титула во сингл ја освои во Чарлстон 2017 година.

Во пролетта 2018 таа стана најдобро пласирана руска тенисерка откако се искачи на 11 место по влезот во финалето на турнирот Indian Wells Masters.

Сега Дарја се наоѓа на 13 место, но неа повеќе ја интересира тоа што се случува на теренот. „Ако играте на високо ниво тогаш позицијата на ранг-листата автоматски се подобрува. Воопшто не е важно на кое место сте – дали на 10, 11 или 12. Ако ниво на вашата игра е високо, се ќе дојде само по себе.“

Даша порано тренираше кај словачкиот тренер Владимир Платеник, а сегашен тренер и е Филип Дехас. Касаткина сонува да го освои Златниот гренд слем – да победи на сите четири Гренд Слема и да освои олимписка титула. Досега тоа го има постигнато само една тенисерка – Штефи Граф во 1988. година. „Имав 9 години кога дознав за тој нејзин подвиг и од тогаш и јас го посакувам истото“, вели Дарја.

Касаткина воглавно живее и тренира во странство. Ретко го посетува родниот град. Што се однесува до Москва, таа признава дека тоа не е нејзиното омилено место. „Москва е огромен град и тоа не ми се допаѓа. Има многу луѓе и многу сообраќај, а јас тоа го мразам“, вели Дарја. Омилен тенисер и е Рафаел Надал, а омилен фудбалски клуб „Барселона“. Сака да минува време во Барселона.


Во низата напорни патувања, тренинзи и натпревари Дарја има на располагање само неколку недели годишно за одмор. „Практично немам време за себе“, признава таа. „Последен пат бев на шопинг кога на аеродром го загубив куферот со работи и облека која не е за тренинзи, па морав да купувам нова гардероба“.


И покрај неодамнешните успеси Дарја и понатаму живее доста скромно. Ги цени своите најдобри пријатели и своето семејство. Нејзиниот постар брат, кој ја воведе во спортот, секогаш ја придржува како личен фитнес тренер. Дарја ја ужива поддршката на своите родители и го слуша нивниот совет: „Секогаш постапувај онака како што ти сметаш дека е најдобро“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња