Шведска планира да купува ѓубре од Русија

Global Look Press

Амбасадорот на Шведска во Русија Петер Ериксон изјави дека неговата земја планира од Русија да купува смет. Во интервју за телевизијата „360“ дипломатот рече дека Швеѓаните се заинтересирани за цврст комунален отпад. Инаку, секоја година во Русија се појавуваат над 60 милиони тони од овој вид отпад, што е речиси 400 килограми отпад по жител на Русија. Во Шведска тој се преработува во скапа енергија по технологијата Waste-to-energy. 

Како пример шведскиот дипломат го наведе податоците од 2015 година кога од отпадот се извлечени 14.7 терават часови топлинска и 2.3 терават часови електрична енергија. Тој додаде дека во Шведска секоја година се согоруваат над два милиони тони отпад што не е доволно за производство на еколошка енергија, така што тие се принудени отпадот да го купуваат во странство.

Моментално Шведска има три главни партнери на ова поле: Норвешка, Велика Британија и Италија. Од овие земји таа увезува околу 1.3-1.5 милиони тони цврст комунален отпад што на Швеѓаните им овозможува не само за добивање евтина енергија, ами и да заработат на рециклажа на отпадот.

Интересно е што во Шведска нивото на преработка на отпадот достигна веќе фактички 100%: над 50% од отпадот заминува на повторно користење, а отприлика исто толку се преработува, додека 0.8% се претвора во извор на енергија.

Амбасадорот истакна дека Шведска е подготвена своето искуство да го подели со Русија и дека се надева оти двете земји ќе успеат да постигнат обострано корисен договор кога станува збор за купопродажба на отпад.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња