Кога сите се правеле дека не го слушаат повикот за помош на несреќната девојка, на помош дошла храбрата Екатерина (на фотографијата). Насилниците ѝ се заканувале со трауматски пиштол и се прелажале.
Екатерина од Новосибирск (самохрана мајка, како што тврдат некои извори) со голи раце претепа двајца пиани мажи кои среде ноќ нападнале дваесетгодишна студентка и се обиделе да ѝ ги одземат парите и телефонот. Девојката повикувала на помош, но на улицата излегла само фитнес-тренерот Екатерина (27) и тоа дури кога го чула викањето од осмиот кат на блиската зграда. Барала од насилниците да ја остават девојката на мир, а тие, обидувајќи се да ја исплашат, пукале од трауматски пиштол во нејзините нозе. Тоа била фатална грешка за двајцата жители на градот Бердск (29 и 30 години) кои завршиле во болница со скршена вилица и ребра, пренесуваат руските медиуми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.