Русија ја победи Турција во мечот од Лигата на нации на УЕФА

Murad Sezer/Reuters
Натпреварот од првиот циклус на лигата Б од групната фаза на Лигата на нации на УЕФА меѓу руската и турската репрезентација заврши со победа на Русија, на која ова ѝ беше прв меч по Светското првенство.

Руската репрезентација како гостинска екипа во турскиот град Трабзон ја победи Турција со 2:1.

Во првото полувреме Русите поведоа со голот на Денис Черишев, а Турците изедначија со погодокот на Сердар Азиз.

Вториот и победоносен гол за „Сборнаја“ во 49 минута од мечот го постигна новопечениот капитен Артјом Ѕјуба.

Лигата на нации е нов турнир на УЕФА кој се одржува место пријателски натпревари. Репрезентациите се поделени во четири лиги – од А (најсилните) до Д (најслабите). Лигите се делат на групи.

Русија игра во втората група на лигата Б. Руската репрезентација на 10 септември ќе игра против репрезентацијата на Чешка, а на 11 ноември против Шведска.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња