Голот што Черишев им го даде на Хрватите вброен меѓу 10 најдобри голови на годината

Максим Константинов/Global Look Press
Голот што играчот за врска на репрезентацијата на Русија Денис Черишев ѝ го даде на хрватската репрезентација во четвртфиналето на Светското првенство - 2018 ФИФА го вброи меѓу десетте претенденти на титулата најдобар гол на годината.

Наградата го носи името на капитенот на големиот унгарски „златен тим“ од 50-те години Ференц Пушкаш. ФИФА ја воведе во октомври 2009 година и ја добива играчот кој го дал најубавиот гол. Првата церемонија на врачување на наградите се одржа на 21 декември 2009 година.

Изборот на најдобрите 10 голови го составуваат легендите на Меѓународната фудбалска федерација со помош на низа критериуми: убавина на моментот, разновидност на ефикасни потези, значење на натпреварот, непостоење на елементи на среќа или грешка на противникот, почитување на правилата на фер-плеј, вклучувајќи ги и прашањата на антидопинг.

Временскиот период на дадените голови кои се во конкуренција оваа година е од 3 јули 2017 до 15 јули 2018 година.

Комисијата ја сочинуваат познати фудбалери: Пабло Ајмар (Аргентина), Икер Касиљас (Шпанија), Мирослав Клосе (Немачка), Алекс Скот (Англија, женски фудбал), Алин Пелегрино (Бразил, женски фудбал), Давид Трезеге (Франција), Марко ван Бастен (Холандија).

Кој ќе ја освои наградата ќе се знае по гласањето на корисниците на сајтот на ФИФА, а ќе биде врачена на 24 септември во Лондон во текот на церемонијата на врачување на наградите на меѓународната федерација. Снимките од сите голови можат да се видат на каналот на ФИФА на „Јутјуб“.

Како Черишев го даде тој гол? Ја прими топката на средината на теренот, одигра дупли пас со Ѕјуба и така се ослободи од Ракитиќ. Потоа го избегна стартот на Модриќ, не чекаше Ловрен и Вида да му пријдат и со силен удар со левата нога надвор од дванаестерецот го погоди левиот агол на голот. Субашиќ не стигна ни да ги подигне рацете.

Голот можете да го погледнете на „Јутјуб“ каналот на ФИФА.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња