Брановите исфрлија на брегот остатоци од „чудовиште“ покриено со долги влакна. Жителот на Камчатка Светлана Дјаденко на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави зачудувачки фотографии и видеоснимки направени на брегот на полуостровот на рускиот Далечен Исток по бурата. Имено, очевидците недалеку од селото Пахачи во Ољутарскиот реон во Камчатскиот крај наидоа на остатоци од морско суштество кое брановите го исфрлиле на брегот.
Засега е нејасно за кое животно станува збор. Како што се нагласува, тоа било покриено со влакна со долга цевчеста форма долги пет-шест сантиметри. Во коментарите се претпоставува дека тоа би можеле да бидат остатоци од распаднат кит кои на времето обраснале со алги, на што го должат својот необичен изглед. Научниците се обидуваат да го одредат потеклото на мистериозното суштество пронајдено на морскиот брег на полуостровот Камчатка, како и да утврдат што е причината за неговата смрт.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче