Одамна е воспоставен обичајот по завршувањето на хокеарската сезона сите играчи кои учествувале во освојувањето на познатиот Стенли куп да го добијат на еден ден трофејот заради популаризација на Националната хокеарска лига и хокејот како спорт.
Напаѓачот на „Вашингтон капиталс“, Русинот Евгениј Кузнецов, чиј тим првпат во својата 44-годишна историја конечно се овенча со познатото признание, го донесе трофејот во својата земја и градот Челјабинск. Кузнецов првин им го покажа пехарот на Стенли купот на децата во хокеарската школа во која порано одеше, а потоа пред почетокот на мечот на Купот на губернаторите на регионите ѝ го претстави на пошироката публика, пренесуваат медиумите.
При крајот на денот Кузнецов го наполни пехарот со пељмени и почна да ги јаде. Ова го напиша на својот профил на „Твитер“ чуварот на пехарот Фил Причард.
Nothing better than finishing off a night... Russian style. Traditional dumplings from the #stanleycup@Kuzya92@NHL@Capitals@HockeyHallFamepic.twitter.com/VxPV5kpsyf
— Philip Pritchard (@keeperofthecup) 15 August 2018
„Ништо подобро за крај на денот.... Во руски стил. Пељмени од пехарот на Стенли купот“ , констатира Причард.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче