Напаѓачот на „Сборнаја“ и ѕвезда на Мундијалот-2018 Денис Черишев повторно во „Валенсија“

Valencia CF

На својот официјален сајт фудбалскиот клуб „Валенсија“ објави дека играчот за врска на репрезентацијата на Русија Денис Черишев преминува во овој шпански клуб.

27-годишниот играч на „Виљареал“ во претстојната сезона пристигнува во екипата на „лилјаците“ на позајмица. Фудбалерот веќе ѝ беше позајмен на „Валенсија“ во вториот дел од сезоната 2015/16. Во осум натпревари тој постигна три гола за овој тим.

Минатата сезона Черишев одиграа 32 натпревари во дресот на „Виљареал“, даде четири гола и имаше две успешни асистенциии. На Светското првенство во фудбал 2018 година во пет натпревари тој постигна четири гола за руската репрезентација. Во „Виљареал“, според договорот, ќе игра до летото 2021 година. Пред трансферот на Черишев „Валенсија“ на сите социјални мрежи објави фотографија и порака на руски јазик: „Лилјакот се враќа дома“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња