Се сретнале Американец, Германец и Русин: 8 чудни руски вицови за странците

Getty Images
Русите сакаат вицеви за странци, иако на самите странци понекокогаш не им се јасни. Еве осум типични руски вицови на тема „Руси и странци“ или „Русите и нивната улога во светот“.

1. Еднаш Русите и Германците решиле да ги заменат возилата за да го проверат нивнииот квалитет. Ние сме добиле Опели, а Германците камиони Камаз. Поминале неколку години. Русите се вратиле со пресуда: „Опел е ужасен автомобил! Две години минаа и практично е пропаднат“. А, Германците возвраќаат: „Камаз е ужасен камион! Две години минаа, а патиштата практично пропаднаа!“

2. Некои туристи по враќањето од Русија ги прашале: „Како беше? Видовте ли многу пијаници?“ „Не видовме многу. Нашите домаќини секое утро нѐ честеа пијалак, а потоа одевме наоколу и ништо не видовме“.

3. Американците сакаат да кажат: „Направи или умри!“. Русите сакаат, пак, да кажат: „Умри, ама направи!. Тоа е зашто ни смртта не е доволно добар изговор за руски шеф.

4. Од книгата за поплаки во мал шпански хотел во внатрешноста:

Американци: „Колку ужасен хотел! Во лифтовите се чувствува чад од цигари!“

Руси: „Колку чуден хотел! Не ни дозволуваат да носиме палта во лифтот, погледнете го само оној смешен знак на англиски No smoking!.. Но, затоа можевме барем да си пушиме“.

5. Наполеон ја нападнал Русија, но студенилото го запрело. Хитлер решил да го направи истото, но студенилото и него го запрело. Сега сигурно знаеме зошто го имаат измислено глобалното затоплување!

6. Администрацијата на Трамп објавила соопштение со кое се потврдува дека во Русија не гледаат закана за своите интереси. Никој не се сеќава дека Русите некогаш биле толку навредени.

7. Поради падот на довербата кај народот што го преживува администрацијата на Tрамп на руските хакери им е кажано да се подготват за предвремени избори.

8. Автобус преполн со туристи застанува пред некoе село во Европа. Водичот им вели: „За само 100 евра ќе можете да го видите единствениот слатководен извор во Европа каде живеат летачки риби!“ Посетителите, секако, воодушевени, сите даваат по сто евра и се радуваат однапред. Автобусот доаѓа до изворот, а од него навистина рибите скокаат како луди. „Колку убаво летаат, баш како во Опстанок!“, водушевено вика водичот. Во автобусот настанува еуфорија. Кога тргнале да си одат, водичот го отворил прозорецот и викнал кон грмушката: „Брат, ние завршивме, слободно исклучи ги греачите“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња