Репрезентативците на Русија во пливање освоија повеќе медали на едно Европско првенство отколку што советската репрезентација кога било освоила.
На ЕП во Глазгов руските спортисти се изборија за 26 медали (10 злата, 10 сребра и 6 бронзи). На второто место е Велика Британија (9- 7-8), на третото Италија (6-5-11).
Руските пливачи на тој начин освоија ист број златни одличја на едно Европско првенство како советските пливачи во 1981 година, но тогаш имаа вкупно 24 медали (7 сребрени и 7 бронзени).
Треба исто така да се истакне дека Русинките првпат од 1991 година освоија злато во штафетата 4×100 м во слободен стил.
Русија е исто така лидер во екипниот пласман на Европското првенство за летни спортови кое се одржува во Глазгов, Единбург и Берлин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче