Прославениот напаѓач на руската фудбалска репрезентација Артјом Ѕјуба го позајми својот глас на апликацијата за навигација „Јандекс. Навигатор“, соопштија претставници на водечката руска интернет компанија.
Кога возачите ќе се приближуваат до камерата, од рускиот фудбалер кој сними преку 120 реченици, ќе го слушнат следново предупредување: „Како кај Черчесов, не смееш да се опуштиш. Пред Вас има камера“. А во случај на работа на патот, Ѕјуба ќе пораќа: „Нема да можеш да пролеташ. Работа на патот“.
Според раководителот на „Јандекс навигатор“ Михаил Високоцки, уште неколку познати личности ќе ги позајмат своите гласови на оваа апликација.
Претходно корисниците можеа да бираат меѓу два говорника, Оксана и Дмитриј, за подоцна да им се придружат познати личности, но и фиктивни јунаци, Фјодор Бондарчук, Дарт Вејдер или Оптимус Прајм и други.
„Јандекс. Навигатор“ е бесплатна апликација за мобилните оперативни системи iOS и Android, со чија помош може да се најде заобиколен пат во случај на застој или паркинг место и која предупредува на камери, сообраќајни несреќи и работа на пат. Се користи во Русија, Белорусија, Казахстан, Турција и други земји.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче