Претседателот на комитетот на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност Виктор Бондарев ги наведе главните задачи на Главната военополитичка управа на Вооружените сили на Русија која е основана во состав на Министерството за одбрана на РФ.
Според Бондарев, новата структура во состав на Министерството за одбрана ќе помогне да им се пружи отпор на обидите на Западот да ги дискредитира Русија и руската војска и ќе биде важна алка во националната безбедност на земјата, пренесува РИА „Новости”.
Според рускиот сенатор, оваа управа ќе овозможи да се обнови праксата на патриотско воспитување на војниците и да формира системски пристап спрема моралните и идеолошки прашања.
„Во советско време постоеше ваква военополитичка структура. Оваа традиција треба да се обнови. Сметам дека одлуката за основање на главна военополитичка управа на Министерството за одбрана е исправна и правовремена”, истакна претседателот на комитетот на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност.
Вчера претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша указот за именување на поранешниот командант на групата на руските Вооружени сили во Сирија Андреј Картаполов за шеф на новата структуре на Министерството за одбрана - военополитичката управа на Вооружените сили на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче