Преминот на 22-годишниот Александар Головин од московскиот клуб ЦСКА во француски „Монако“, платен 30 милиона евра, е најскапиот трансфер на некој руски фудбалер во историјата. Рекордот, инаку, го држеше уште еден поранешен армеец Јуриј Жирков, за чие преминување во „Челзи“ ЦСКА кешираше 21 милион евра во 2009 година.
Еве и под кои услови е реализиран супертрансферот на рускиот играч за врска Александар Головин.
ЦСКА ќе добие 30 милиона евра, договорот е склучен на пет години, а платата на фудбалерот во Монако ќе биде два милиони евра. Во случај подоцна да биде продаден играчот, ЦСКА ќе добие процент од околу 7-10% од вредноста на договорот.
„Челси“, кој исто така го сакаше Головин во својот тим, беше подготвен да понуди 25 милиони евра.
Головин ќе настапува за „Монако“ во дресот со број 17.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче