Американците пронајдоа „бесмртен Русин“, но се покажа дека се работи за ерменски леар

Аркадий Мгдсян/YouTube

На веб-сајтот Reddit корисниците пронајдоа стара видеоснимка со леар на челик од Ерменија и по грешка го нарекоа „бесмртниот Русин“.

На клипот се гледа како еден маж со гола рака удира по вжештениот млаз од метал и потоа ја покажува дланката на која нема изгореници.

Еден од учесниците во дискусијата го коментира видеото со зборовите: „Дали некој некогаш видел Русите да умираат?“ Постот за 24 часа собра преку 50 илјади лајкови.

Дури на крајот се покажа дека се работи за видеоснимка од 2016 година која на рунет стана популарна на почетокот на оваа година. Клипот го објавил леарот од ерменскиот град Алаверди Аркадиј Мгдасјан. Во коментарот пишува дека нивните „леари се толку брутални, што во споредба со нив колегите од Челјабинск се мали деца“.

Еден од коментаторите понуди објаснување зошто леарот не се здобил со изгореници. Тој смета дека тоа може да се објасни со познатиот ефект на Леиденфрост. Течноста во контакт со тело кое е далеку потопло од точката на вриење на течноста создава изолациски слој на пареа кој спречува брзо испарување. Пареата за момент можела да ја заштити кожата од изгореници.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња