Според пишувањето на бројни медиуми, денес на небото над Голанската висорамнина¹, во непосредна близина на границата меѓу Сирија и Израел е срушен Су-22М4.
Авионот го соборија екипажи на ПВО кои се наоѓаат во состав на израелската војска, опремени си противвоздушни ракетни системи „Патриот“. Откако сирискиот авион, според израелските медиуми, го повредил воздушниот простор на оваа земја, врз него се истрелани две ракети кои притоа ја неутрализирале воздушната цел.
Авионот дејствувал против одредите на тнр. Исламска држава кои се наоѓаат на подрачјето на Голанската висорамнина, од каде се обидуваат да ја одбијат сириската армија која во последно време има исклучителни успеси на овој дел од фронтот. Сириските извори велат дека авионот во ниту еден момент не го повредил воздушниот простор на Израел.
Според информациите од „Твитер“ профилот WaelAlRussi, притоа загинал полковникот Омран Мари кој управувал со авионот.
Unfortunately
— Wael 🇸🇾 (@WaelAlRussi) 24 July 2018
It’s a confirmation #Israel downed a #SyAAF Su-22M4 while it was bombing #ISIS
This is the second Su-22 loss for Syria by a foreign force
First time while bombing ISIS in east Syria by the US
And now while bombing ISIS in south Syria by Israel.
Pilot fate unknown
Су-22М4 претставува извозна варијанта на советската модификација на ловецот-бомбардер Су-17М4 која е направена уште во 80-те години од минатиот век. Првиот лет на оваа верзија е изведен на 18 јуни 1980 година. За разлика од претходните верзии, кај оваа е значително унапредена офанзивно-навигацискиот систем за гаѓање на цели на земја. Претставува последна модификација на основната верзија на авионот кој полета уште во август 1966 година.
Сириското воздухопловство поседува над 30 вакви авиони со различни модификации (не се сите последната верзија на Су-22М4). Во текот на борбените дејствија во Сирија, овој авион можеби е и најмногу користен при нападите врз копнени цели на непријателот, каде и покрај надминатиот дизајн оствари забележливи резултати. Во текот на воените операции сириското воздухопловство изгуби најмалку 11 вакви апарати, од кои 5 се уништени на земја.
¹Голанската висорамнина (арап. هضبة الجولان, Hadhbat al-Jaulan, хеб. רמת הגול), претходно позната како Сириска висорамнина, претставува плато на границата меѓу Израел, Либан, Јордан и Сирија. Во посед на Израел се наоѓа по Шестдневната војна со Сирија 1967 година, и повторно 1973 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче