Мемиња од Светското првенство во Русија поради кои сакавме Мундијалот да трае вечно

Reuters
Дојде и моментот кој сакаа да го одложат сите љубители на фудбалот: време е да се збогуваме со Светското првенство 2018 во Русија. А каков турнир беше тоа! Да се потсетиме уште еднаш на незаборавните моменти кои станаа мемиња и кои сигурно ќе останат забележани во историјата на фудбалот.

Русија, како земја со најслабо рангиран тим кој бил домаќин на Светското првенство, брзо се поправи со првиот натпревар против Саудиска Арабија и резултатот од 5:0. Престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамад бин Салам присуствуваше на натпреварот со претседателот на ФИФА Џани Инфантино и рускиот претседател Владимир Путин.

„Дали е ова првиот мем? Мислам дека е“.

Ова беше Светско првенство со најголем број автоголови (12)  и досудени пенали (28). Марио Манџукиќ од репрезентацијата на Хрватска беше првиот фудбалер кој си дал автогол во финале на Светското првенство.

Хари Кејн го изедначи рекордот од 6 гола како капитен на тим што претходно го постави Диего Марадона, што пак му овозможи да ја освои Златната копачка. Некој би можел да се посомнева во ова признание со оглед дека половината од овие голови се постигнати од пенал.  

Воведувањето на VAR системот (Video Assistant Referee) несомнено влијаеше на шампионатот, но и понатаму беше присутна вообичаената драма.

И малку магија од бразилскиот голман Алисон.

Нејмар брзо стана ѕвезда на мемињата, првенствено благодарение на својата драмска улога. Проценето е дека поминал на тревата 14 минути и така се најде во некои од најсмешните мемиња во историјата на првенството.

Младиот Бразилец има долг пат пред себе доколку сака да ги достигне Роналдо или Меси, но неговите мемиња на ова Светско првенство беа без сомневање најдобрите на сите времиња.

Нејмар не беше единствениот „фаулиран“ играч на ова првенство. Во акцијата се вклучи и португалскиот одбранбен играч Пепе.

Големо изненадување беше испаѓањето на Германија, што беше трет пат актуелниот светски првак да испадне во групната фаза. Претходно тоа го доживеаја Италија во 2010 и Шпанија во 2014 година.

Што се однесува до Сенегалците, тие го подигнаа загревањето на повисоко ниво.

Кој можеше да претпостави дека и Роналдо и Меси (познати како Португалија и Аргентина) толку рано ќе го напуштат натпреварувањето?

Сензација беше и поразот на Шпанија, кој истовремено првпат во историјата  ја воведе во четвртфиналното натпреварува Русија. Патем Русите ги поразија Саудиска Арабија и Салах, т.е. Египет.

Некои дури тврдеа и дека се работи за пророштво, затоа што на стара банкнота пронајдоа слика од решавачката одбрана на Акинфеев во натпреварот против Шпанија.

Поразот на пенали на Русија во четвртфиналето од Хрватска беше тажен настан за милиони Руси кои го следеа првенството, но настапот на националната селекција сепак не ги разочара.

Ова е веројатно најлегендарната прослава на гол на Светското првенство 2018.

Некои велат дека на рускиот тим во голема мера му помогнала домашната публика.

Видовме како Англија конечно победи во серијата пенали, што не успеа да го направи уште од победата над Шпанија на Европското првенство 1996. година.

Надежите на Англија завршија со поразот од Хрватска во полуфиналето, што (барем засега) го запре мемот „Се враќа дома“ на интернет.

Southgate knew... Credit: @PierreHawkes

A post shared by SPORTbible (@sportbible) on

Кога станува збор за популарните мемиња од Светското првенство во фудбал, Марадона со своите екстатични реакции се пласираше меѓу хитовите. 

Белгија покажа ветувачки значи дека конечно го развива својот полн потенцијал... макар што ова можеби и не е најдобриот пример за тоа...

Хрватските навивачи освоија многу срца, како и нивниот тим на теренот.

На крај сите наши честитки одат за Франција која ни подари врвен фудбал.

Особено 19-годишниот Мбапе, кој стана првиот тинејџер кој дал гол во финале на Светското првенство уште од Пеле.  

... на крај имаме само една порака: Светско првенство во Русија, ќе ни недостигаш!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња