Агенти 007 во музејот „Mадам Тисо“
Britta Pedersen/ZB/Global Look PressПовторно Русин ќе биде главниот негативец во новиот филм за Џејмс Бонд кој ќе ги полни кино салите во 2019 година. Последниот пат агентот 007 имаше руски противник во филмот од 1999 „Светот не е доволен“.
Новинарите на весникот „Дејли Меил“ дознаа дека продуцентите за новиот филм бараат актер од 30 до 60 години „од Русија или од Балканот“. Тоа мора да биде „харизматичен, авторитарен, осветољубив и оригинален“ тип.
Новата девојка на Бонд исто така може да биде Русинка, паметна, храбра, весела, прекрасна девојка која владее со боречки вештини“, пишува „Дејли Меил“.
Последниот руски непријател на Бонд беше бившиот агент на КГБ а потоа терорист Ренар. Инаку, според сценариото, Бонд повеќе не е агент, туку оженет човек. Барем во првите десет минути од филмот...
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче