Во текот на финалниот натпревар на Светското фудбалско првенство 2018 меѓу Хрватска и Франција на теренот втрчаа четири лица, поради што играта беше прекината. Како што пишуваат руските медиуми, лицата се веднаш приведени. „Во второто полувреме на натпреварот на стадионот „Лужники“ три девојки и еден младич втрчаа на фудбалскиот терен од кој ги отстрани контролно-регулаторната служба на стадионот. Наведените граѓани се приведени во реонскиот оддел н полицијата“, ги пренесува ТАСС зборовите на претставникот на службата за медиуми на Министерството за внатрешни работи на Русија.
Групата „Пуси Рајот“ на својот „Фејсбук“ соопшти дека токму нејзини членови ја спровеле акцијата „Полицаец влегува во игра“. Како што се наведува во соопштението, тоа било акција за ослободување на политичките затвореници, прекин на апсењата поради споделување објави на социјалните мрежи и прекин на незаконските апсења на собирите и против лажните криминални обвинувања, како и за допуштање на политичка конкуренција во земјата. Групата „Пуси Рајот“ стана позната 2012 година по акцијата во Соборниот храм „Христос Спасител“ во Москва (која групата ја нарече „панк молитва“). Судот тогаш осуди три членки на групата на по две години затвора поради хулиганство. Едната од нив подоцна сепак доби условна казна. Активистките во 2014 година беа амнестирани два месеца пред истекот на казната.
Финалниот натпревар заврши со победа на Франција над Хрватска со 4:2.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче