Русија ја основаше компанијата „Криптонит“ која ќе ја поврзува воената со цивилната индустрија

Слободан Ѓукиќ
Концернот „Автоматика“ кој е во состав на државната корпорација „Ростех“ и компанијата „Цитадељ“ ја основаа научно-истражувачката компанија „Криптонит“ која ќе се занимава со високотехнолошка комерцијализација на воените развојни проекти на цивилниот пазар за широка потрошувачка.

Основната сфера со која ќе се занимава научно-производната компанија „Криптонит“ ќе биде криптографија и кватно компјутерство, воведување нови технички протоколи во комуникацискиот сектор и нивна безбедност.

Една од основните задачи на компанијата е пронаоѓање начин како да се комерцијализираат иноватовните решенија кои се постигнати во наменската индустрија и во научно-истражувачките институти, а кои се наоѓаат во составот на воено-индустрискиот сектор. Исто така, задача на компанијата е да оствари значајни придвижувања во сферата на информациската безбедност, но и во работата со огромен број податоци, што денес претставува приоритет.

Станува очигледно дека рускиот специјализиран воен институт кој на пример се занимава со информациските аспекти на безбедноста, остварува далеку подобри резултати во однос на компаниите од цивилниот сектор. Во таа смисла, тука се зборува за идејата која на крајот ќе обезбеди создавање сериозна база за извоз на високотехнолошки производи од руската индустрија кои покрај воената, ќе имаат и поширока цивилна примена. Формирањето на ова претпријатие има интенција поквалитетно меѓу себе да ги поврзе компаниите од цивилниот сектор со тесноспецијализираните воени компании кои работат исклучиво во одбранбената сфера.

Седиштето на новата компанија ќе се наоѓа во просториите на компанијата „Автоматика“. Почетната инвестиција за нејзината изградба и опремување со техника и со високостручен кадар ќе изнесува околу 4 милијарди рубли (околу 65 милиони американски долари).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња