Зошто на Англичаните не им успеа на измама да им дадат гол на Хрватите?

Markus Gilliar/GES-Sportfoto/Global Look Press

„Во случај да сте пропуштиле, Англија се обиде да даде гол додека Хрватите славеа“, објави ФИФА на својот официјален профил на „Твитер“. Погледнете како изгледаше тоа.

Дали тоа значи дека овие суперплатени англиски спортисти не ги знаат фудбалските правила? Излегува дека е така. Или можеби позајмија некое ново правило од медиумите?

Работата е о тоа што од почетокот на Светското првенство во Русија на интернет почна да кружи приказната за „правилото“ кое вели дека ако само голманот остане на теренот додека се прославува погодокот, противникот наводно има право да тргне во напад. Така и Англичаните сакаа да ја искористат ситуацијата кога на теренот не остана никој освен голманот, па се затрчаа кон Субашиќ. Меѓутоа судија набрзо ги запре и натпреварот продолжи дури откако „коцкестите “ се вратија на теренот.

И добро е за Хрватите што не се повтори 122 минута од четвртфиналниот меч на ЕП-2008 против Турција кога три минути по голот за победа и прославата на Хрватите Турците забија гол од 16 метри за израмнување, за потоа осоколени да го добијат натпреварот на пенали. Еве како изгледаше тоа:

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња