Сергеј Шојгу: Сирија не бараше од Русија С-300

Виталиј В. Кузмин

Сирија засега се нема обратено до Русија со желба за набавка на противвоздушни ракетни системи С-300, соопшти министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу во интервјуто за италијанскиот весник „Ил Џорнале“. „Одлуката за испорака на овој модел на вооружување на странска земја се донесува врз основа на официјално барање какво засега немаме примено“, објасни министерот.

Според него, пред неколку години Русија одбила да им го испорача на сириските власти овој тип на вооружување „по молба на западните партнери“. „Денес, во контекстот на агресијата врз Сирија од страна на САД, Франција и Велика Британија, подготвени сме да го преиспитаме ова прашање“, рече Шојгу.

За тоа дека Русија би можела да почне со испорака на С-300 на Сирија пишуваше рускиот портал „Комерсант“ во април оваа година. Уште во 2010 година Дамаск договори купување на овие противвоздушни системи, но во фазата на реализација беше поништен договорот по барање на Израел кој стравуваше за својот воздушен простор.

Претседателот на Сирија Башар ел Асад подоцна изјави дека Дамаск нема никого да извести доколку ги добие од Русија ракетните системи затоа што тоа е „прашање од воена природа“.

Прочитајте повеќе: Кога Сирија ќе добие руски системи С-300?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња