„Ноќните волци“ во Битола пред Крстот посветен на првиот руски конзул во Битола Александар Ростковски.
FacebookЗа 22 дена „Ноќните волци“ ќе поминат повеќе од 8500 километри низ повеќе држави: Русија, Белорусија, Словачка, Словенија, Србија, Црна Гора, Македонија, Бугарија и др., со порака за добрососедски односи меѓу граѓаните на Европа.
Во текот на својот пат тие ќе одржат прес конференции, тематски семинари и форуми, со цел развивање на дијалог меѓу луѓето од различни националности, особено на дијалог меѓу младите.
Покрај својата обединувачка идеја, проектот „Словенски свет” е насочен и кон популаризација на словенската историја, култура и писменост. Учесниците во мото маршот ќе ги посетат и древните центри на словенската култура. Во сите етапи од овој проект учествуваат повеќе од 10000 луѓе.
„Ноќните волци“ вчера, 3 јули, ги посетија Охрид и Битола.
За време на нивниот престој во Охрид тие беа примени од почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, додека во Битола го посетија Почесниот руски конзулат, а на споменикот Руски крст положија свежо цвеќе.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче