Сликата е симболична
Lada.ruСевернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во обиколка на еден воен објект кој се наоѓа на островите во Жолтото море, недалеку од кинеската граница, допатува во „Лада Приора“ во темнозелена боја. Фотографијата на која се гледа Ким на задното седиште на автомобилот од руско производство ја објави јужнокорејската агенција „Јонхап“.
Kim Jong Un drives around in a Lada Priora!
— Весло (@veslozohan) 1 July 2018
Cc: @lotchiksnayperpic.twitter.com/P8YVdUiXcu
Како што оваа пролет пишуваа руските медиум, домашниот автомобилски гигант АвтоВАЗ го запре производството на возилата „Лада Приора“. Како што изјавија тогаш претставниците на овластените продавачи, најголемиот руски производител на автомобили ги известил дилерските компании по писмен пат за престанок на производството на своевремено (2009-2012) најпопуларниот модел меѓу руските купувачи. Минатата година беа произведени еден милион примероци вакви возила, а се склопуваа во погоните во Толјати и чеченскиот град Аргун.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче