Капитенот на бразилската репрезентација повреден од душек во московски хотел?

Reuters

Повредата на капитенот на репрезентацијата на Бразил Марсело на мечот против Србија е предизвикана всушност од премногу мекиот душек во еден московски хотел во кој беа сместени играчите во пресрет на натпреварот од третото коло на групната фаза на СП, пишуваат бразилските медиуми.

Како што пишува „Мундо Депортиво“, повикувајќи се на лекарот на репрезентацијата Родриго Ласмар, грчот во мускулите поради кој Марсело го напушти теренот уште во десеттата минута од дуелот со Србија би можел да има врска со душекот во московскиот хотел. „Мораме да почекаме 24 часа за подобро да ја дијагностицираме повредата“, рече Ласмар. Тој додаде дека лекувањето оди добро, но медицинскиот тим ќе продолжи да ја следи реакцијата на организмот уште неколку дена.

Според лекарот, Марсело ќе се врати на теренот штом ќе се чувствува подобро. Весникот пишува дека е мала веројатноста капитенот на петкратниот првак на светот да се појави на натпреварот против Мексико кој во осминафиналето на Мундијалот се игра веќе во понеделник во Самара.

Бразилскиот фудбалер им порача на навивачите преку социјалните мрежи дека ќе се врати на теренот во најскоро време.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња