Херој во деловен костум спаси две жени од поплавата во град-домаќин на Светското првенство

Reuters

Временските услови во Русија ги бие лош глас. Руската зима навистина знае да покаже заби. Меѓутоа, лете луѓето се поопуштени, затоа што знаат дека секогаш ќе има барем малку сонце. Но Мајката Природа на 19 јуни приреди непријатно изненадување за Нижни Новгород, еден од домаќините во кои се одржува Светското првенство во фудбал.

Сончевиот ден ненадејно го попречи бура со грмежи и поројни дождови. Улиците беа поплавени, а половина час подоцна изгледаа како збеснати реки. Повеќето луѓе беа потполно неподготвени за ваквиот развој на настаните, а некои дури останаа и заробени во своите автомобили среде надојдената вода. 

Овие две жени кои одненадеж се најдоа во небрано имаа среќа. Наиде еден херој во деловен костум со вратоврска за да ги спаси (нешто како Кларк Кент пред да го соблече својот костум и да го открие својот идентитет на Супермен).

Тој ја прегази длабоката вода, една по една ги извлече девојките низ прозорецот на автомобилот и ги однесе на сигурно. Каков џентлмен!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња