Руски војници однесоа хуманитарна помош во манастирот „Пресвета Богородица“ на гората Каламун

Слободан Ѓукиќ

Руските војници доставија хуманитарна помош за монахињите на женскиот манастир Сајданај кој се наоѓа недалеку од Дамаск.

Како што рече настојничката на манастирот Февронија Набхан, во моментов во манастирот се одржува летна школа за деца во која се изучуваат странски јазици. Покрај тоа, децата секојдневно се образуваат и верски, читајќи ја Библијата, а покрај духовните вежби многу важно е да се создаде навика и за унапредувањето и одржувањето на физичката култура, така што се организирани и спортски натпреварувања.

Сајданајскиот манастир (или манастирот „Богородица од Сајданај“) е женски православен манастир изграден пред речиси 1480 години во планините над Дамаск, на надморска висина над 1500 метри. Од сирискиот главен град манастирот е оддалечен околу 30 км. Се наоѓа под покровителство на Антиохиската православна црква.

Спаѓа во најголемите христијански светињи во светот. Со него се поврзуваат многубројни чуда, во вид на физички манифестации на бестелесни небесни сили кои и во последната војна го спасија манастирот од оштетувања. Најпознатата реликвија во манастирот и воопшто во целиот христијански свет е познатата икона на Пресвета Богородица која е заштитничка на Сајданајскиот манастир кој во нејзина чест го добил своето име.

Прочитајте повеќе: Началникот на штабот на руската војска во Сирија: Како го уништивме псевдокалифатот?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња