„Се надевам дека овој голем настан ќе биде успешно одржан и дека позитивно ќе влијае на расположението на нашиот народ“, го цитираат патријархот руските медиуми. „Во голем дела, секако, тоа ќе зависи од играта на нашата фудбалска репрезентација. И секако, да се надеваме дека напите спортисти се добро подготвени“, изјави патријархот на седницата на Вишиот црковен совет во Москва.
Репрезентација на селекторот Станислав Черчесов во четврток го отвора Мундијалот на стадионот Лужники во Москва и игра против репрезентацијата на Саудиска Арабија, а во групата е со Египет и со Уругвај.
Според рејтингот на ФИФА руската фудбалска репрезентација денес во светот го зазема дури 70 место. Во земјата репрезентацијата главно ја критикуваат, а фудбалските стручњаци не очекуваат дека Русија ќе излезе од групата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче