Руските воени бродови ќе можат да се закотват на четвртиот најголем остров на светот

Слободан Ѓукиќ
Бродовите на руската Воена морнарица ќе можат да се наоѓаат во пристаништата на Мадагаскар благодарение на спогодбата за воена соработка која е потпишана меѓу двете земји. Овој остров претставува многу важна точка на јужната земјина полутопка во Индискиот океан, покрај кој поминуваат поморските патишта кои од Индискиот потконтинент и Црвеното море излегуваат во Јужниот Атлантски океан.

Нацрт-договорот предвидува службени посети на воени делегации на различно ниво, соработка низ обука во оспособувањето на воените кадри, можност за употреба на пристаништата од страна на Воената морнарица на Русија за закотвување на своите бродови, но и авионите на Военото воздухопловство.

Мадагаскар, или официјално Република Мадагаскар е островска земја без копнени граници во Индискиот океан, близу брегот на источна Африка. Со површина од  587040 km² Мадагаскар претставува 4 најголем остров на светот. Населението брои околу 25 милиони жители..

Што се однесува до армијата, таа е релативно мала и има околу 13500 војника и офицери. Се состои од две пешадиски регименти/полкови, десет воено-територијални полкови и баталјон со променлив состав, кои ги поддржува еден артилериски полк и три инженериски баталјони, додека во позадина се наоѓа баталјон за логистика.

Противвоздушната одбрана се состои од една формација со јачина на бригада која првенствено е вооружена со цевна артилерија. Вооружувањето е многу застарено и со мешано потекло. Од советска техника која вреди да се спомене има хаубици Д-30 и оклопни извидувачки автомобили БРДМ-2, како и голем број на минофрлачи и ПА средства кои датираат практично од Втората светска војна.

Покрај тоа, слична спогодба за воена соработка е потпишана и со владата на Република Бурунди, која се наоѓа во источна Африка. Се работи за копнена држава со површина од 27830 km² со околу 12 милиони жители, од кои 90% се христијани.

Нејзините вооружени сили се состојат од 30000 војници и офицери распоредени во два механизирани баталјони, седум пешадиски баталјони и неколку посебни формации со неутврдена јачина, еден артилериско-ракетен дивизион и баталјон инженерија. Во резерва се наоѓаат уште 10 лесни пешадиски баталјони. Што се однесува до оклопната техника, таа првенствено се состои од возила со советско потекло - БДРМ-2, БТР-40, БТР-80. Артилеријата практично во комплет со состои од советски орудија како што се хаубиците Д-30 и ПФР „Град“, како и единици за ПВО кои се во најголем дел вооружени со цевните системи ЗСУ-23 и неутврдена количина на ЛПРС „Стрела-2М“.

Кога се работи за воздухопловната компонента, вреди да се спомене само хеликоптерската ескадрила која во својот состав има два оперативни „летечки тенкови“ Ми-24 и два воено-транспортни хеликоптери Ми-8 на кои им се истечени ресурсите. Покрај регуларните формации на овој простор се наоѓаат и разни неформални групации на паравојска кои во најголем дел се наоѓаат под контрола на централните власти, а кои се состојат од 22000 борци вооружени со лесно пешадиско оружје првенствено од советско производство.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња