„Твитер“ ги измеша Бугарите со „руски ботови“ и масовно ги банираше

imago stock&people/Global Look Press

А сѐ поради кириличното писмо кое се користи и во рускиот и во бугарскиот јазик.

Корисниците на социјалната мрежа „Твитер“ од Бугарија се пожалија на масовната блокада на профилите и криење на постовите. Наведената мрежа почна строга модерација на твитовите на бугарски јазик, дури и кога тие немаат никаква врска со политиката или темите од општествено значење. Сопствениците на корисничките профили масовно добиваа известувања во кои се наведува дека ги кршеше интерните правила на сервисот.

Според сознанијата до кои дојде порталот The Verge, до блокадата најчесто доведувало споменување на популарни клипови на „Јутјуб“, како и на познати профили или постови кои имале одек на „Твитер“. Дури и кога модерацијата не е применувана на првобитниот твит постоеше огромна веројатност дека ќе се однесува на коментарите пишувани на кирилица.

Најверојатно „Твитер“ ги насочил своите алгоритми на потрага по „руски ботови“ бидејќи секое користење на кирилица за оваа социјална мрежа е сомнително. Како што наведува The Verge, блокадата ги допрела и жителите на други земји,

„Твитер“ им овозможува на корисниците да ги обноват профилите, меѓутоа, според пишувањето на The Verge, спрема нив мрежата се однесува како спрема „дигитални изроди“, исклучувајќи ги следачите на таквите профили известувањата за нови твитови.

Банирањето на твитовите на бугарските корисници почна недела дена откако оваа социјална мрежа објави за строга модерација на твитовите на троловите и другите навредливи постови Претставниците на „Твитер“ изјавија дека планираат да ги преземат сите неопходни мерки заради отстранување на проблемот, меѓутоа, ќе продолжат, како што наведоа, да се борат против спамовите и ботовите.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња