Василиј Кошечкин
Ondrej Deml/Global Look PressВршителот на должноста главен тренер на руската хокеарска репрезентација Илја Воробјов изјави дека на Кошечкин му е тешко да стигне до мразот и затоа го тркалаат, а соблекувалната е предалеку од арената во Копенхаген.
„Нашата соблекувална е предалеку од арената, а организаторите одбија да ни ослободат пократок пат. Велат дека мразот ќе се стопи ако го отворат. А Василиј без опремата е тежок 110 кг. Тешко му е, па решивме да го возиме. Првпат во животот гледам такво нешто“, вели тренерот.
„Зар не видовте како Канаѓаните го превезуваат својот голман“, прашува помошниот тренер на рускиот стручен штаб Алексеј Кудашов. „Дали знаете колку ни треба да стигнеме до арената? Одиме три и пол минути. А паузата ни е само 15 минути. Се снаоѓаме како знаеме и умееме“.
И покрај добрите одбрани на Василиј Кошечкин, репрезентацијата на Русија на 15 мај загуби од Шведска со резултат 1:3. Но, екипата се пласираше во четвртфиналето и денес, 17 мај, игра против репрезентацијата на Канада.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче