Документарец на руската телевизија RT за сириските деца доби награда на фестивал во Њујорк

„Растење со војна: децата во Сирија“

„Растење со војна: децата во Сирија“

Рускиот телевизиски канал RT освои неколку награди на телевизискиот и филмски фестивал New York Festivals 2018.

Руската телевизија RT на годинешново натпреварување New York Festivals го зеде златото со својот документарен филм „Растење со војна: децата во Сирија”. Филмот зборува за деца од градовите Алеп и Хомс кои растеа во текот на шесте години крвави воени судири.

„Многу од овие деца и не знаат за мир. На повеќето од нив им е ускратено образованието, па дури и безбедно место место за живот”, велат авторите на филмот.

Рускиот канал исто така ја доби првата награда во категоријата „Посебен дигитален настан“ со проектот #1917LIVE. Овој проект на „Твитер“ е детална историска реконструкција по повод одбележувањето на 100-годишнината од Октомвриската револуција, која ги реконструира настаните во „реално време“: царот Николај II и Владимир Ленин нудат своја верзија на настаните од овој бурен период.

Документарните филмови на телевизијата RT за општествениот систем на касти во Индија (сребрен медал) и филмот за африканското движење за заштита на рибарењето (бронзен медал) исто така не поминаа незабележано, додека епизодата на емисијата „On Contact” на студиото RT America со Крис Хеџис, номиниран за Пулицерова награда, во која тема е проблемот со наркотиците во САД, освои сребро. Емисијата „Cocina Polĺtica” (Политичка кујна) на студиото RT Spanish исто така ја однесе сребрената награда.

И како тоа да не беше доволно, на специјалната репортажа на рускиот канал за парламентарните избори во Германија ѝ беше доделен бронзен медал.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња