Како Путин им го честиташе Велигден на Русите

Reuters
Претседателот на Русија Владимир Путин им го честиташе светлото Христово Воскресение на православните христијани и на сите граѓани на Русија кои го одбележуваат овој празник, соопшти информативната служба на Кремљ.

„Големиот празник Велигден, кој е одлика на триумфот на животот, добрината и љубовта, има огромно морално значење. Тој во луѓето буди надеж и тежнеење да прават добри дела, да им помагаат на блиските. Велигден е обединување на луѓето околу ненадминатите духовни вредности и идеали. Во овие пролетни денови исполнети со радост сите ние јасно согледуваме колку за нас се важни обичаите и традицијата“, рече претседателот во својата честитка.

Путин му упати честитка и на Патријархот московски и на цела Русија Кирил во која истакна дека православната црква под неговото поглаварство ја зајакнува и ја развива повеќевековната духовна и културна традиција на народот, врши важна социјална улога и дава голем придонес кон воспитувањето на генерациите кои доаѓаат, како и во одржувањето на граѓанскиот мир и на слогата во општеството.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња