На 14 март познатиот научник Стивен Хокинг, британски блескав ум познат по проучувањето на црните дупки и комбинирањето на квантната механика со Ајнштајновата теорија на релативитетот, почина во 77 година.
Алексеј Старобински, руски астрофизичар се запознал си Хокинг уште во 1973 година кога британскиот научник допатувал во Москва да разговара со него и со докторот по физика и астроном Јаков Зељдович за црните дупки.
„Беше навистина извонреден научник“, се сеќава Старобински на Хокинг во интервју за ТАСС. „Мечтаеше дека можат да се објаснат не само сите појави, ами и дека може да се пресмета сè што сега гледаме. Тоа беше амбициозна задача и тој беше мошне близу до нејзиното решавање“.
Стивен Хокинг, 1979.
Getty ImagesХокинг има доаѓано во СССР повеќе пати за да се состане со советските научници кои не смееле да ја напуштат земјата.
„Првпат допатував со група студенти. Еден од нив беше баптист кој криумчареше Библија“, раскажуваше Хокинг за ТАСС во 2016 година. „Преку советската граница лесно ги пренесовме книгите, но нè запреа на враќање. Сепак, за да се избегне меѓународен скандал, по неколку часа нè пуштија“.
Во истото интервју Стивен Хокинг рече дека сакал да патува во Русија и дека би сакал повторно да ја види.
Последните неколку години научникот ја поддржуваше идејата на рускиот бизнисмен Јуриј Милнер за потрага по живот на другите планети.
Јуриј Милнер и Стивен Хокинг
Getty Images„Приврзаник сум на проектот што го започна Јуриј Милнер. Земјата не е единствениот извор на живот во универзумот. За да преживееме во долгорочна перспектива важно е да ги напуштиме границите на нашата мала планета. Постојат многу закани за понатамошниот опстанок на Земјата. Мораме да се сосредоточиме на универзумот и да патуваме на другите планети“, велеше Стивен Хокинг.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче