Три неверојатни приземјувања на руските пилоти

Марина Лисцева/TASS
„Чудото на Хадсон“ се случи во 2009 година кога американскиот пилот успеа да го спушти авионот на њујоршката река. Слично чудо се има случено неколку децении порано во СССР кога во 1963 година советски авион слета на Нева. Russia Beyond-Македонија ви раскажува за него, како и за други две мајсторски слетувања на руските пилоти во кои се спасени многу човечки живото.

1. Чудото на Нева

„Бев на балконот и видов како луѓе трчаат кон Нева. Сфатив дека нешто се има случено. Бев вчудовиден кога видов авион Ту-124 како плови и како од страната на едното крило на авионот излегуваат патници“, се сеќава ленинграѓанецот Јуриј Тујск.

Ова се случи на 21 август далечната 1963 година. Пилотите на рускиот „Аерофлот’, како и во случајот Хадсон, останаа без обата мотора. Сè започна со тоа што екипажот на авионот „Туполев“ Ту-124 со 45 патници по полетувањето од аеродромот во Талин забележал дека предното тркало се заглавило. Веднаш е променет курост – авионот наместо во Москва е испратен во Ленинград (денешен Санкт Петербург).

Кога стасал до Ленинград авионот почнал да лета околу градот. Пилотите имале намера да го потрошат горивото со цел принудното слетување на биде побезбедно. Воедно се обидувале со метална полуга да го одглават предното тркало. Во тој момент престанал на работи левиот мотор поради недостиг од гориво и капетанот одлучил да лета на аеродромот Пулково преку самиот центар на Ленинград.

По пат се изгаснал и вториот мотор. Висината не била доволна за авионот да стаса до градот. Во такви околности 27-годишниот капетан Виктор Мостовој одлучил да го спушти авионот во реката Нева и покрај многубројните мостови. Авионот за време на слетувањето минал над неколку мостови, и само неколку метри над последниот кој бил во изградба. За малку не го закачил реморкерот со десното крило. Сè минало прилично добро – ниту еден патник, ни член на екипажот не бил повреден.

Искусниот пилот Јуриј Ситник тврди дека успешно спуштање на авионот на вода е мошне голема реткост. „Тоа се прави само на симулатор, а во реалноста успешно се спуштаат 2 до 10 авиони... Се чини дека водата е мека. Кога станува збор за пад, таа е потврда и од земјата – авионот се крши на ситни делови. Практично е невозможно да се преживее“, нагласи пилотот, истакнувајќи го мајсторството на рускиот екипаж.

2. Чудото на Ижма

Овојпат на конец висеа животите на 81 патник. Авионот „Туполев“ Ту-154 се најде насреде тајга кога се случил дефект. Тоа беше на 7 септември 2010 година. На авионот на компанијата „Алроса“ му откажа електрониката по 3.5-часовен лет во Москва над сибирските шуми. Без напојување не функционираше системот за навигација, а исто така и пумпите за гориво. Во моторите имаше гориво за уште 30 минути лет. Толку време имаа пилотите да пронајдат пригодно место за слетување.

За среќа, среде сибирската шума забележале авионска писта. Тоа бил напуштениот ародром во селото Ижма кој тогаш веќе 12 години се користеше само за хеликоптери. Тој веќе 7 години не беше одбележуван на тогашните актуелни мапи. Звучи неверојатно, но тој аеродром беше подготвен за на него да слета авион. Имено, Сергеј Сотников, човекот кој сите тие години беше одговорен за хеликоптерската писта, на сопствена инцијатива се грижел и за авионската писта. Како што подоцна тој им раскажа на новинарите, пилотот на авионот Ту-154 не можел да им поверува на своите очи кога ја видел пистата, и тоа означена според сите правила“.

Сепак, пистата била долга само 1.300 метри, а на овој авион му се потребни 2 километри за успешно слетување. И што е уште полошо, поради дефектот на електрониката закрилата не работеле, така што е многу тешко да се забави летот на авионот. Сепак, екипажот немал друг избор и почнал да слетува. По два неуспешни обида, авионот успеал да слета со брзина од 420 километри на час (наместо вообичаените 250 километри на час). „Толку силно кочеше што се запалија гумите! Мина уште 160 метри по пистата“, вели Сотников. Никој не беше повреден.

„Голема благодарност за екипажот... Не успеавме ни да се исплашиме. Се исплашивме кога излеговме од авионот. Тогаш ни беше страшно. Целата шума изгледаше како изорана“, изјави еден патник по враќањето во Москва. Двајцата пилоти се прогласени за Херои на Русија, што е најголема руска награда. Сергеј Сотников добил медал.

3. Експлозија над Кариби

Овој инцидент се случи пред две години во Доминиканската Република. Тоа беше на 10 февриари 2016 година. Овој пат не стануваше збор за руски „Туполев“ ами за „Џамбо Џет“ Боинг 777 кој припаѓаше на компанијата „Оренер“. Во авионот имаше речиси 400 патници.

Зе време на летот за Москва едниот мотор се запали и експлодираше. „Бевме во предниот дел на авионот. Експлозијата беше од левата страна. Нешто пукна... Капетанот објави дека се враќаме во Пунта Кана и дека слетувањето ќе биде принудно. Кружеше околу 40 минути. Атерираше без проблем. Капетанот е вистински мајстор“, изјави подоцна патникот Александар Колотилин за агенцијата РТ.

Мошне е тешко да се спушти огромен авион со големо количество гориво (потребно за прекуокеански лет) со само еден мотор. „Екипажот дејствуваше мошне професионално. Авионот беше преоптоварен. Не беше можно да се користат сите средства за кочење зашто работеше само еден мотор“, истакна пробниот пилот Виктор Заболоцки, фалејќи ја вештината на екипажот.

Тркалата на авионот се запалија за време на атерирањето. Патниците беа евакуирани со помош на спасувачки тобогани на надувивање. За среќа, како и во претходните случаи никој не беше повреден. Капетанот од рускиот претседател доби Орден за храброст.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња