Гигантски ледени топки го преплавија рускиот дел на Финскиот залив

yuriy_shakhov
Никој не знае точно од каде доаѓаат...

На 10-11 декември корисниците на социјални медиуми почнаа да споделуваат мистериозни фотографии од брегот на Финскиот залив во Русија. Фотографиите покажуваат чудни гигантски ледени топки во водата.

Некои сметаат дека тоа се фрагменти од ледена карпа или глечер, или дека се создадени од комбинација на природни фактори. Некои експерти велат дека кога солената вода замрзнува можат да се појават такви форми, додека други забележуваат дека топките може да бидат резултат на излевање на индустриска нафта во океанот.

„Солената вода е мешавина од различни соли, така што кристализира нерамномерно под ладните струи“, вели рускиот еколог Илја Леухин. „Кристалите се формираат околу јадрото. И во овој случај, водата се кристализира околу меур или хидрофобна течност, чија капка има кружен облик во водата“.

Минатата година слични топки се појавија појавија во Западен Сибир, во Заливот Об. Цела плажа беше покриена со снежни топки кога испливаа на брегот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња