Владимир Путин се соочи директно со Питер Грифин – и тоа не беше убаво
Animation on FOX/Youtube.comПретседателот на Русија Владимир Путин се појави во 16-та сезона на „Семеен тип“ (Family Guy) (да, овој анимиран ситком веќе долго време се прикажува). Ова не е првпат политичарот да биде прикажан во серијата, но овој пат неговата улога беше поактивна од кога и да било – тој дојде директно во Америка со единствена цел да се тепа со Питер Грифин.
Според Путин, Питер тврдел дека секој Американец може да го победи секој Русин, па затоа рускиот претседател летал преку океанот за да му „докаже дека греши“. За да ја предизвика борбата, тој го нарекува Питер „кукавица“ (“a chicken” - кокошка на англиски) и имитира звуци какви што пилето прави на многу чуден (и непостоечки) „руски“ начин.
Потоа двајцата се соочуваат еден со друг - се разбира, Путин е без горна облека - и телохранителите на Путин го фаќаат Питер и го држат додека нивниот шеф го крши од мавање. Тогаш Стиви, синот на Питер, забележува дека телефонот на Путин зуи. Тоа е порака од Доналд Трамп: „Слушнав дека си во градот. Дали си за грабање некакви „слики на мачки“? Да се преправаме дека не сме сигурни што значи тоа. Комедијата навистина може да биде луда во моментов.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче