Сара Џесика Паркер ги (под)налути Русите со грешката за два типа руски автомобили.

Евгениј Одинков/RIA Novosti
Актерката сакаше да направи забавно видео за Инстаграм во текот на нејзината посета на Москва, но некои работи дефинитивно одеа наопаку.

Сара Џесика Паркер, американската актерка и продуцент позната по својата улога во серијата „Сексот и градот“ ја посети Москва за да го презентира нејзиниот бренд за парфеми SJP Beauty. За време на нејзиниот престој во Москва таа објави видео на Инстаграм во кое таа стои пред жолт руски автомобил (стар и не многу чист) и си става парфем. „Еве што се случува на патот во Москва“, се шегува Паркер.

Но таа направи грешка која неколку Руси ја сметаат за непростлива, кога го стави хаштагот #Жигули (Жигули, советски и руски автомобилски бренд) на своето видео. Всушност тоа беше Волга – уште еден советски автомобилски бренд. Многу корисници од Русија се обидоа да ѝ го објаснат тоа на Паркер, а некои од нив беа доста груби во тоа.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња