Како што се нагласува, скулптурата е поставена како знак на благодарност за неговиот придонес во популаризацијата на скијачките спортови и здравиот начин на живот. Официјалното отворање е закажано за 25 ноември.
Владимир Путин е прикажан како држи скии.
„Тоа е знак на благодарност за Владимир Путин за популаризацијата на спортот, а исто така е и пример на човек кој води здрав начин на живот. Благодарение на претседателот, скијањето стана модерно и многу луѓе почнаа да скијаат“, објасни комерцијалниот директор на одморалиштето Алексеј Карелин.
Од управата на комплексот велат дека поставувањето на скулптурата не е планирано по повод доаѓањето на претседателот во Челјабинск, туку станува збор за „среќна околност, коинциденција“.
За прв споменик на Путин поставен во Русија се смета кипот во Псков, дело на локалниот вајар Валериј Кузмин, откриен во 2004 година. Бидејќи немаше дозвола од градските власти, споменикот беше демонтиран во рок од 24 часа.
Познатиот руски скулптор Зураб Церетели направи статуа на Путин уште во 2004 година. Тој сакаше да му го подари на градот Санкт Петербург, но неговиот предлог не беше прифатен, па неговата работа остана во галеријата „Церетели“ во Москва. Кипот е наречен „Во здраво тело, здрав дух“.
Во мај 2015 година, недалеку од селото Агалатово кај Санкт Петерсбург, на имотот на козачки атаман беше откриена биста на Путин. Бистата беше подигната од козачката општина, а на неа тој беше претставен како римски император, во тога со медал на кој се наоѓа рускиот грб.
На 12 јуни 2015 година во Новоросијск беше поставена биста на Путин во знак на благодарност за повторното обединување на Крим со Русија, а по иницијатива на организацијата „Работна волја на Русија“.
Како што објави претседателот на регионалната организација Конгрес на руските заедници на Крим и претставник на републичкиот Државен совет, во октомври минатата година почна собирање на средства за подигнување на споменик на Путин во 2018 година. Претседателот ќе биде претставен како капетан на брод.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче