Видео: Како изгледа војничка обука на идните високи функционери на Русија

РБК
Руските медиуми објавија снимка на која потенцијалните губернатори на Русија лежат под оклопнo возило.

Kако дел од програмата на Руската академија за народно стопанство и државна администрација при претседателот на РФ (РАНХиГС) за подготовка на кадровска резерва на администрацијата на претседателот овие вежби беа одржани на полигонот Кубинка на 27 октомври.

Освен што лежеа под оклопно возило, учесниците скокаа со падобран од кула, учеа како да фрлаат бомби и да гаѓаат. Не помина ниту без повреди, пренесува РБК: некои предвремено ги завршија вежбите со повреда на ногата или грбот.

Вкупно во „обуката“ учествуваа околу 40 „сѐ уште нераспоредени“ службеници, меѓу кои и првиот заменик-министер за транспорт  Евгениј Дитрих, заменик-министерот за градежништво Андреј Чибис, заменик-министерот за култура Сергеј Обривалин, претставникот на партијата ЛДПР во Думата Иван Абрамов и претставникот на „Единствена Русија“ Антон Гета.

На 9 октомври исто така беше објавена снимка на која заменици-министри во околината на Сочи скокаат во вода од карпа висока 7 метри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.