Овој Сибирец е веројатно најголемиот стручњак на светот за вежбата наречена „планк“

Getty Images
Слава Крипак од Омск секојдневно објавува фото и видео докази за неговата умешност во изведувањето на вежбата „планк“, или позната и како „штица“, „издржај“. Тоа го прави во најголемиот дел пред својот убав стар советски тепих. Овие фотографии ќе ве остават без здив!

👍🏻⚡️👍🏻

A post shared by Слава Крипак (@workoutslava) on

Овој осумнаесетгодишник од Сибир вешто го користи „Инстаграм“ на патот до славата - @workoutslava.

Нема ден Слава Крипак да не објави фотографија или кратка видео снимка од своите „издржувања“. Освен „Инстаграм“, тој активно го користи и „Јутјуб-каналот“.

А за да го покаже рускиот колорит, користи како позадина стар разнобоен тепих. Тепихот на ѕидот е веројатно најдобриот доказ дека се работи за Русија! Можеби уште мечка што свири на балалајка...

Слава има 77000 следбеници на „Инстаграм“! Вели дека ништо во животот не го интересира толку како вежбањето.

„Што ли јадат овие во Русија? Што има во руската вода?!“, се прашуваат некои.

Други се задржуваат на неговата неверојатна вештина: „Ти си најголемиот мајстор на „планкот“ на светот. Па ти повеќе не му припаѓаш на човечкиот род!“.

⚫️

A post shared by Слава Крипак (@workoutslava) on

И вие сигурно се прашувате колку му било потребно за да стигне до оваа кондиција? Шест години, одговара Слава.

Оној фамозен тепих на ѕидот исто така не им дава мира на многумина:

 „Се убив од смеење! Ова се вика пумпање на мускули на руски начин!“

„Момче, имам ист таков тепих во Рига, фала!“

Но, Слава понекогаш вежба и на отворено, во парк, на стадион, каде ќе стигне...

🌒

A post shared by Слава Крипак (@workoutslava) on

✌🏻️✌🏻️#fingers #motivation #training #gymnastics #calisthenics #workout #streetworkout #fitness

A post shared by Слава Крипак (@workoutslava) on

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња