Документот, меѓу другото, предвидува можност странски државјани кои склучиле договор за воена служба во состав на руската војска да се ангажираат во „активности за одржување или воспоставување на меѓународен мир и безбедност или спречување на меѓународен тероризам надвор од територијата на Руската Федерација“.
Нормата која претходно ја пропишуваше оваа Уредба беше во склад со нормата на законот „За воена обврска и воена служба“, спрема која војници со странско државјанство можат да учествуваат во „исполнување на задачи во услови на воена состојба, како и во услови на вооружен конфликт“, правејќи го тоа во склад со општите принципи и нормите на меѓународното право, како и со меѓународните спогодби и законодавството на Русија.
Законот, меѓутоа, посебно не зборуваше за учеството на странски државјани кои служат во руската војска во операции надвор од територијата на Русија. Странците, инаку, можат да служат во руската војска само како обични војници, помлади и постари водници и немаат право на офицерски чинови.
За разлика од руските државјани, странците при стапувањето во воена служба не се заколнуваат „на верност на Татковината“, туку се колнат дека ќе го „почитуваат Уставот на Руската Федерација, строго ќе ги исполнуваат воените правила, наредбите на командантите и началниците и достојно ќе ја исполнуваат војничката должност“.
Според одредбите на законот, воените единици на Вооружените сили на Русија кои се праќаат надвор од територијата на земјата во рамките на борбата против меѓународниот тероризам го сочинуваат професионални војници кои им се приклучуваат на доброволна база. Во моментов руските војници учествуваат во воената операција во Сирија. Руското Министерство за одбрана засега нема објавено податоци за евентуално учество на професионални војници со странско државјанство во оваа операција.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче