Во Кубањ пронајдено писмо на пионери од 1960-те испратено до учениците во XXI век

Пионери

Пионери

Соловјов/RIA Novosti
Во едно училиште во Кубањ на југот на Русија во текот на реновирањето е пронајдено писмо кое советските пионери го испратиле до учениците во XXI век, пренесуваат руските медиуми.

Писмото херметички затворено во еднолитарска тегла, како зимница, е пронајдено во агол на еден орман во текот на реновирањето на зградата.

„Ние учениците од учебната 1967/68 година ви испраќаме топли пионерски поздрави. Станувајќи пионери, памтете го и чувајте го како светост во сеќавањето овој ден. Многу години одевме во старото училиште, а сега, на денот кога го преминавме прагот на новото, ви  пишуваме писмо. Многу би сакале да ѕирнеме во иднината, да ви дојдеме на вечера и да видиме како учите во училиштето и како се одвива вашата пионерска работа. Служете за пример на помладите другари“, се вели во текстот на писмото што го пренесува РЕН ТВ.

Покрај писмото, во теглата имаше и фотографија од во тој момент сѐ уште недовршеното училиште.  

Управата на училиштето реши да ги најде оние кои таа 1967 година го напишале писмото.

Успеаја да најдат петмина потписници на писмото, а средбата со нив беше трогателна и свечена.

Жестока љубов: Како во Советскиот Сојуз ги враќаа децата на улицата на вистински пат

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња