Во минатото, во Русија биле прилично популарните ладните јадења од желе со месо, риба или бобинки. Најпознати биле студењ, холодец и заливное. Секое јадење има свој уникатен вкус. Првите два збора на руски укажуваат дека јадењата се ладни, а третото дека рецептот бара нешто да се прелие. Меѓутоа, студењ традиционално бил сивкасто желе со парчиња месо, додека заливное често се подготвува со риба и има попрефинет шмек. Исто така, заливное се подготвува со додавање на желатин или агар.
Кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век во Русија дошле европски готвачи и почнале да ги оплеменуваат традиционалните локални јадења. Во текот на таа ера студењ доживеал трансформација. Со иновации позајмени од француската кујна, готвачите го направиле булјонот полесен со додавање на белка од јајце. Се појавил нов збор, галантин, кој го позајмил своето име од францускиот збор за желатин.
Денес во секојдневниот говор практично е избришана разликата меѓу студењ и холодец. Затоа е особено интересно да се дознае дека во средината на XIX век терминот холодец имал малку сличности со сегашната верзија - јадење направено од густ булјон и внатре мали парчиња месо (пивтија).
Во царската ера, холодец значел слатко јадење: овошје во желе или ладна слатка супа. На пример, Елена Молоховец во својот готвач „Подарок за младите домаќинки“ зборува за неколку слатки рецепти за холодец: со и без алкохол. На безалкохолните им додавала кајмак или павлака и ги служела со бисквити или сладолед.
Во денешно време, прилагодувањето на рецептите на денешните вкусови може да биде забавно! Модерната верзија што планирам да ја подготвам е безалкохолен, сладок холодец направен од пире од јаболка и сок од рибизла. Бидејќи јаболката имаат доволно пектин, нема да треба да користиме желатин за да го подготвиме нашиот желе десерт. Јадењето е многу лесно за правење, а верувајте, вкусот ќе ве изненади.
1. Прво ги подготвуваме јаболката. Почнете со миење и сечкање на јаболката.
2. Во тенџере измешајте ги сечканите јаболка, циметот и 700 мл вода. Полека сварете ја смесата и оставете ја да се крчка 30-40 минути додека јаболката не омекнат.
3. Кога јаболката ќе бидат целосно сварени и омекнати, тргнете ги од огнот.
4. Со блендер направете мазно пире од јаболко, вода и цимет.
5. Процедете ја оваа смеса низ сито за да ги отстраните лушпите од јаболката или крупните честички и со тоа да добиете мазна течност од јаболко.
6. Исцедете сок од лимон.
7. Во процедената течност од јаболка додадете 60 ml сок од лимон и 60 ml сок од рибизла. Можете да го купите готов или да го направите од бобинки. Патем, можете да експериментирате и со други бобинки.
8. Сипете со 200 мл сок од јаболка и додајте 200 г шеќер. Добро промешајте ја смесата додека целосно не се раствори шеќерот.
9. Вратете го тенџерето на шпорет на среден оган. Оставете ја смесата да се крчка уште 5 минути, внимавајќи да се соединат сите вкусови.
10. Кога ќе зоврие, тргнете го тенџерето од оган. Сипете ја смесата од јаболка во единечни калапи и во голем сад за сервирање. Оставете го холодецот да се излади на собна температура, а потоа префрлете го во фрижидер.
11. Оставете да се стегне и олади неколку часа, најдобро преку ноќ. Исто така можете да го ставите ладниот холодец во замрзнувач еден час или повеќе за текстурата да биде повеќе како сладолед. Сервирајте го вашиот холодец од јаболка во исти чинии за сервирање.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче