Кокурките се печиво од едноставно тесто со полномасна павлака. Името на јадењето најверојатно доаѓа од зборот „кокур“ што значи паричка.
Кокурките во Русија се познати како печиво без полнење, но најинтересната верзија содржи во себе цели варени јајца. Овој рецепт е најзастапен во областа околу реката Волга.
За нивна подготовка почесто се користело 'ржано брашно, кое било подостапно во селските домаќинства. Благодарение на него, јајцата не се расипувале неколку дена. Обично селаните ги носеле на поле или на патувања. Тоа е едноставно и хранливо јадење, а вакви кокурки се подготвувале и во текот на целата година, не само по Велигден. Денес тоа е повеќе атракција на руската кујна, но љубителите сè уште ја подготвуваат за своите домашни.
За да го направам, користев мешавина од 'ржано и пченично брашно, што денес е почест начин на подготовка. Затоа тестото е помеко и посочно. Павлаката со 30% млечна маст е идеална за мешање на тестото.
Повеќе сакам кога ги јадам кокурките да ги макам во павлака или да ги јадам со млеко. Може да се послужат со супа или чорба како предјадење, со салата, свежи или кисели краставици или пак да ги понесете на пикник. На свеж воздух опкружени со природа ќе бидат уште повкусни.
1. Измешајте ги двата вида брашно и солта.
2. Додајте ја павлаката и изматете во миксер или рачно додека да се соединат. Додадов и 5 лажици вода.
3. Тестото обликувајте го во топка и покријте го со фолија или крпа. Оставете да отстои 30 минути.
4. Поделете го на 6 дела и направете топчиња. Јас имав само 5 јајца, па на фотографијата се прикажани 5 дела тесто. Инаку, количината на тесто е доволна за 6 кокурки.
5. Секој дел од тестото расукајте го со сукало. На средината на тестото ставете варено јајце и замотајте го на начин тестото целосно да го допира јајцето и внатре да не остане воздух.
6. Отсечете го вишокот тесто на рабовите.
7. Со притискање цврсто спојте ги рабовите.
8. Рерната загрејте ја на 180℃.
9. Тестото можете да го премачкате со жолчка за да биде порумено. Јас не користев, затоа што планирав кокурките подоцна да ги премачкам со путер, што го прави печивото уште покрцкаво и ароматично.
10. Печете 30-35 минути.
11. Премачкајте го стопен путер додека кокурките се сé уште врели.
Сервирајте ги топли или ладни со супа или чорба, или, пак, со павлака и ситно сечкани зачински билки.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче